Меркел откри зошто никој досега ја нема видено со маска, иако често повикува на нивно носење...

Точка

30/06/2020

22:03

8.361

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше запрашана од страна на новинар зошто никогаш не е видена во јавност со маска на лицето, иако повикува на нивно носење за заштита од коронавирусот.

Меркел се насмевна кога на прес-конференцијата која ја одржа заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, новинар ја запраша: „Не сме ве виделе со маска на лицето. Зошто?“.

Канцеларката Меркел на тоа одговори: „Ако ги почитувам правилата за дистанца, тогаш не ми е потребна маска. Но, кога не можам да го правам тоа, како на пример кога одам во продавница, тогаш очигледно не сме се сретнале, инаку би ме виделе со маска на лицето“.


„Но, нема да ви кажам каде одам да пазарувам“, се пошегува германската канцеларка.

Ангела Меркел во последниов период се соочува со пораст на популарноста поради начинот на кој управува со коронакризата во земјата. Германија многу подобро се носи со пандемијата за разлика од останатите поголеми европски земји, благодарение на тестирањата, развиениот здравствен систем и големите пакети за помош на економијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг