Зибери ја претстави програмата: Мултиетничка химна и задолжително учење албански јазик

Точка

29/06/2020

13:16

4.873

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за прв премиер Албанец на ДУИ, Насер Зибери денес пред Владата претстави дел од програмата која планира да ја спроведе доколку ја добие довербата од граѓаните.

„Потребен ни е нов вид на лидерство што ќе ви служи вам, а не на партиите. Стојам пред вас со мојот план - непартиски план што ќе ви служи вам, а не на партиите. Тоа е добар план за нашата заедница и за земјата, има 25 конкретни иницијативи и чекори“, изјави Зибери.

Зибери пред владата порача дека ќе работи за сите граѓани во земјава, но програмата ја изложи само на албански јазик. Меѓу другото, вети воведување на мултиетничка химна, задолжително учење на албанскиот јазик, флексибилно работно време и ветинг за сите.

„Мора да имаме храброст, доверба и почит да продолжиме напред. Предлагаме да има задолжителни часови по албански јазик во секое училиште од 5-то одделение. Предлагам 13-ти август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, да се прогласи за национален ден. Предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира разновидноста“, порача Зибери.

„Дојдов тука пред вас со овој план и чувство на обврска. Прифатив да бидам првиот премиер Албанец со исто чувство на обврска за создавање општество за нашите деца, каде можат да живеат во мир и просперитет“, изјави меѓу другото Зибери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг