24-годишниот актер и неговата 30-годишна колешка разменувале нежности во базен во вила која што ја изнајмиле заедно со своите пријатели.
Тимоти Шаламе и Ејза Гонзалес откако јавно обелоденија дека се во врска, папарацо фотографите ги уловија на одмор во Мексико како уживаат во својата љубов.
24-годишниот актер и неговата колешка разменувале жешки бакнежи и прегратки во базенот, а светските медиуми пишуваат дека во текот на нивниот одмор тие подобро се запознаваат меѓусебно, а врската ја започнаа само пред неколку седмици.
Веста за нивната љубовна врска го обиколи светот, а вниманието на јавноста беше насочено кон нив поради тоа што Шаламе претходно беше во љубовна врска со ќерката на Џони Деп, Лили Роуз Деп.