Бил Гејтс: Ни вакцината не гарантира спречување на коронавирусот

Точка

26/06/2020

19:07

3.213

Големина на фонт

а а а

Правењето на вакцина не гарантира целосно спречување на коронавирусот од нов тип, смета основачот на "Microsoft", Бил Гејтс.

Коментирајќи ги мислењата на епидемиолозите, Гејтс смета дека вирусот ќе се шири, се додека не се зарази 60-70 проценти од населението. Милијардерот потсетил дека вакцината има две основни функции. 

"Едната е да се пружи индивидуална заштита од вакциниран човек, а другата му овозможува да престане да биде носител", објаснил тој за "CNN".

Според мислењето на Бил Гејтс, најверојатно вакцината ќе биде најкорисна токму за индивидуална заштита.

"Не може да се гарантира дека вакцината сигурно ќе го спречи ширењето на инфекцијата", заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг