Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на коронавирус

Точка

23/06/2020

14:48

3.694

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус. Веднаш по пристигнувањето во Белград, Новак се тестирал заедно со членовите на семејството и тимот со кој бил во Белград и Задар. Тој изјавил дека не чувствува никакви симптоми.

Ѓоковиќ по добивањето на резултатите се огласил со соопштение: 

“Се тестиравме веднаш по доаѓањето во Белград. Мојот резултат и резултатот на Јелена е позитивен, а децата се негативни.

Сè што направивме во изминатите месец дена, го направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер и со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме услови за играње, остварување на приходи и на тој начин полесно да го пребродат овој тежок период.


Во истовреме, сакавме да испратиме порака за солидарност и почит, фер-плеј. Целта беше и да им помогнеме на добротворните фондации и оние на кои им е најпотребна помош, и драго ми е што голем број луѓе се приклучија на таа иницијатива.

Организиравме турнир во период во кој вирусот слабееше, верувајќи дека се стекнаа услови за негово одржување.

Исклучително ми е жал поради секој поединечен случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголемува. Се надевам дека нема да се искомплицира чија било здравствена ситуација и дека сите ќе бидат добро. 

Јас ќе останам во самоизолација во наредните 14 дена и повторно ќе се тестирам за 5 дена”, навел Новак во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг