Пендаровски: Секој да биде свесен во улогата за ширењето на вирусот

Макфакс

17/06/2020

19:39

1.100

Големина на фонт

а а а

Сè додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот, за жал, ќе биде наша реалност, пишува претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

„Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познајници. Важно е секој да биде свесен за улогата што ја игра во ширењето на овој вирус или, пак, во намалувањето на бројот на болни. Да бидеме одговорни и да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас“, порача Пендаровски.