Манчестер Јунајтед со изненадувачка трансфер цел, посакува фудбалер на Ростов

Дерби

14/06/2020

12:41

1.861

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед на инсистирање на Оле Гунар Солскјер може да донесе играч на рускиот Ростов.

Имено, „ѓаволите“ се поврзуваат со ангажман на фудбалерот од средниот ред на рускиот тим, Матијас Норман.

Станува збор за играч кој игра сосема солидно во рускиот тим и кој си заработи место во норвешката репрезентација. 

24 годишниот играч од средниот ред е добро познат на Оле Гунар Солскјер затоа што сегашниот стратег на Манчестер Јунајтед му беше тренер во редовите на Молде. 

Норман има една неуспешна авантура на Островот откако не успеа да се наметне во тимот на Брајтон од каде беше пуштен во рускиот Ростов. 

„Дејли Експрес“ пишува дека Манчестер Јунајтед за него е подготвен да издвои 15 милиони фунти, а за играчот интерес има и од Тотенхем, Валенсија и Атлетико Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг