Коронавирусот во Бразил коси сè пред себе: Ја престигна Велика Британија по бројот на починати и е на второ место во светот

Точка

13/06/2020

09:25

1.945

Големина на фонт

а а а

Бразил ја престигна Велика Британија по бројот на починати од коронавирусот и сега се наоѓа на второто место во светот, по Соединетите Американски Држави.

Вкупниот број на починати достигна 41.828, а во последните 24 часа починале 909 лица, пренесува Ројтерс. Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на заразени е 828.810, со забележани нови 25.982 случаи на Ковид-19. Бразил и по бројот на заразени е втор во светот, по Америка. 


Ројтерс наведува дека Светската здравствена организација (СЗО) сепак смета дека здравствениот систем на Бразил го издржува притисокот. Извршниот директор на СЗО, Мајк Рајан вели дека во Бразил постојат неколку подрачја во кои пополнетоста на капацитетите на одделенијата за интензивна нега е поголема од 80 отсто. Рајан укажал дека Бразил очигледно има жаришта на коронавирус во големите градови.

“Податоците кои моментално ги имаме покажуваат дека системот е под притисок, но сè уште успева да се справи со епидемијата”, изјавил извршниот директор на СЗО на брифингот во Женева.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро смета дека коронавирусот не претставува голема опасност и го нарекува “мал грип”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг