Заев и Мицкоски не постигнаа договор за датум за парламентарните избори

Макфакс

12/06/2020

21:31

3.077

Големина на фонт

а а а

На денешната средба не беше постигнат договор за определување датум за парламентарните избори.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг