Поранешниот голман и аналитичар на „Скај Спортс“ Мари дециден: Тој сигурно ќе биде прв голман на Манчестер Јунајтед

Дерби

11/06/2020

15:38

1.891

Големина на фонт

а а а

Поранешниот голман Мет Мари кој сега работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“ зборуваше за тоа кој ќе го брани голот на Манчестер Јунајтед во иднина.

Оле Гунар Солскјер е на слатки маки затоа што во тимот го има еден од најдобрите светски голмани, Давид Де Хеа, додека пак на позајмица во Шефилд му игра еден од најдобрите голмани во Англија, Дин Хендерсон.

Многумина веруваат дека Хендерсон е иднината на „ѓаволите“, но дека во моментов тој нема да добие шанса да застане на голот на Манчестер Јунајтед.

На слично мислење е и Мари кој вели дека Хендерсон треба да остане уште една година во Шефилд, а подоцна тој сигурно ќе биде прв избор во Манчестер Јунајтед.

– Давид Де Хеа се уште е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата. Минатата сезона можеби не беше најдобра за него и не беше на нивото на кое сме навикнати да го гледаме, но тој се уште е врвен голман.

– Потпиша долгогодише договор и е прилагоден на клубот. Но, ако Хендерсон не игра за Манчестер Јунајтед, важно е тој да се врати во Шефилд каде ќе игра под водство на Крис Вајлдер.

– Со уште една цела сезона зад своето име, мислам дека ќе биде подготвен, но прво мора да се врати и повторно да ги понуди истите партии. Мислам дека кога ќе дојде време со сигурност ќе биде прв голман на Манчестер Јунајтед, затоа што не само што има квалитет, туку поседува и силен менталитет, - изјави Мари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг