Братот на убиениот Флојд порачал: Ако некој му кажеше да го жртвува животот за да го обедини светот, знам дека ќе го направеше тоа

Точка

10/06/2020

13:16

1.636

Големина на фонт

а а а

Филонис Флојд не можел да го поднесе притисокот на последната миса за својот покоен брат Џорџ во Хјустон и се расплакал. Со него биле и членови на семејствата на други убиени Афроамериканци.

"Едноставно многу боли. Само што сум тука ме боли. Џорџ отсекогаш беше нашиот нежен џин", порачал Филонис. 

"Од него добив толку убави совети. Секој ден ми се чини нереален, уште го вртам неговиот телефонски број", рекол неговиот помлад брат Родни Флојд.

"Некој да му кажеше дека мора да го жртвува животот за да го обедини светот, знам дека ќе го направеше тоа", додал Родни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг