Солскјер ќе го смести Погба на нова позиција во тимот, промени ќе има и со Бруно Фернандеш

Дерби

10/06/2020

10:46

1.356

Големина на фонт

а а а

Многумина очекуваат да видат како ќе функционира парот Погба- Фернандеш од кого фановите на Манчестер Јунајтед очекуваат многу во пресрет на продолжувањето на сезоната.

Оле Гунар Солскјер веќе имал план како да ги вклопи овие играчи во тимот на Манчестер Јунајтед, и поради тоа се одлучил за одредени измени.

Имено, кога и дефинитивно ќе се врати фудбалот во Англија и Погба и Фернандеш ќе се најдат во првиот состав на Манчестер Јунајтед, но со нешто поизменети улоги од досега.

Погба конечно ќе добие повеќе слобода и според „Сан“ ќе игра на позицијата бр. 10, веднаш зад напаѓачот, додека Бруно Фернандеш ќе биде повлечен на позицијата бр.8, односно ќе делува како организатор на играта.

Ова е малку чудно затоа што Бруно блесна на „Олд Трафорд“ играјќи токму на позицијата бр. 10, додека пак Погба ретко добиваше шанса да игра како офанзивен играч за врска.

Манчестер Јунајтед одигра два интерни меѓусебни пријателски натпревари, а Солскјер на нив одблиску можел да ги провери своите замисли иако и на двата натпревари Погба и Бруно играа во различни тимови.

Се очекува пред продолжението на првенството, Манчестер Јунајтед да одигра и некој пријателски натпревар со цел на дело да се запознае со новата комбинација која ја планира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг