Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште

Макфакс

10/06/2020

09:26

1.091

Големина на фонт

а а а

Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не превзема ништо, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не превзема ништо, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука наведуваат дека Скопје е најзагадениот главен град во Европа.


„Со пасивноста на Шилегов и непреземањето на конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје, во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона заразата. Во дел од депониите, како што е Вардариште не само што е нем посматрач, туку градот Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите кои ги објавуваме се фрапантни и вчудоневидувачки, говорат за негрижата на градот Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање. Градот Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица Вардариште и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот. Тажната слика за Скопје се дивите депонии Вардариште, Визбегово во близина на Шуто Оризари и Ново Село во Ѓорче Петров“, велат од советничката група.

Според нив, Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии кои неретко се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг