Владата донесе одлука: „Оние кои што ќе одбијат самоизолација или пак даваат лажни информации, одат во државен карантин и тоа на сопствен трошок“

Точка

09/06/2020

19:29

3.104

Големина на фонт

а а а

Владата денеска ги утврди мерките за граѓаните кои што ќе одбијат решение за самоизолација или пак даваат лажни информации во врска со коронавирусот.

На 63-та денешна седница е донесена Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба.

Уредбата е следна:

„Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице“ - информираат од Владата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг