Сведочење на Нинџа: Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се координираше упадот во Собранието

Точка

09/06/2020

18:59

3.210

Големина на фонт

а а а

Александар Василевски Нинџа денес сведочеше во судскиот процес во кој се обвинети поранешни функционери на тогашната владеачка ВМРО-ДПМНЕ за организирање на упад во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

Александар Василевски денес во сведочењето против обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски проговори во врска со настаните пред и по упадот во Собранието на 27-ми април.

„Дојдовме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, се паркиравме во катната гаража. Влегов, се качив на осмиот кат. Таму беа Митко Чавков, Кирил Божиновски, Спире Ристовски, Миле Јанакиески и Билјана Бришковска. Сите зборуваа на телефон, гледаа на телевизија што се случува пред Собрание. Тука се издаваа сите наредби. Чавков даде наредба на Митко Пешов полицијата да делува пасивно. Спире контактираше со Бетмен. Бришковска беше разочарана што пратениците Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски не предизвикале инцидент во Собранието, не ја завршиле работата. Бришковска му даде насока на Трајко да се отворат вратите во Собранието.“ - изјави Нинџа, пренесува „24.mk“.

Василевски меѓу другото порача дека никогаш Никола Груевски или пак Сашо Мијалков му дале било каква наредба во организирањето на упадот во Собранието.

„Од лидерот на партијата никогаш не сум добил насоки за 27-ми април“, изјави Василевски.

Меѓу обвинетите во случајот за организирање на упадот во Собранието се Никола Груевски и Никола Бошкоски кои не им се достапни на органите на прогонот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг