Полициски час нема да има, ама ќе мора да се носат маски

Точка

09/06/2020

17:22

3.298

Големина на фонт

а а а

Владата денес расправала за нов полициски час во местата со зголемен број на новозаразени, односно Скопје, Куманово, Тетово и Штип.

Сепак, како што пренесува Телма, одлуката на министрите на седницата била спротивна од препораките на Комисијата за заразни болести. 

Инаку, ова е втор пат да се определат спротивни мерки од препораките на Комисијата. Првиот пат тоа се случи за празникот Рамазан Бајрам.

Сепак, и покрај одбивањето на предлогот, владата одлучи да воведе засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на Град Скопје, како и во околните скопски општини, но во Куманово, Штип и Тетово.

Владата ги задолжи МВР, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни планови за контра и спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

Потсетуваме, во предлогот од Комисијата за заразни болести беше наведено дека се бара полицискиот час да почнува во 22 часот, а да трае до 5 часот следниот ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг