Се разговара за отворање на аеродромите: Сè уште е рано за одлука, вели Сугарески

Точка

09/06/2020

17:27

1.451

Големина на фонт

а а а

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска изјави дека сè уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродромите.

„На оваа тема се разговара, но сè уште е рано да се донесе одлука“, рекол Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.


Сугарески повтори дека „ТАВ“, концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за отворање на аеродормите за да ги стават во функција, ќе им требаат 7 денови.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување ширење на коронавирусот, од 15-ти март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18-ти март на полноќ и Меѓународниот аеродром Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг