Го чека судбина на диктатор: Американците го споредија Трамп со Слободан Милошевиќ

Точка

09/06/2020

21:14

3.371

Големина на фонт

а а а

Американскиот магазин „Атлантик“ пишува дека претседателот Доналд Трамп досега владеел по својот автократски инстинкт и сега го чека судбината на автократите кои го свртиле народот против себе, како што му се случило на Слободан Милошевиќ.

Актуелните немири во САД „Атлантик“ ги споредува со симнувањата од власт на претседателите, кои според тврдењето на магазинот, биле диктатори и како примери ги споменува Слободан Милошевиќ во Србија, Виктор Јанукович во Украина и Бен Али во Тунис.

Според магазинот, САД се соочуваат со хаос каков што не бил виден од 1968-ма година кога нацијата била најмногу поделена.


„Иако мандатот на Трамп ќе заврши со избори, а не симнување од власт, магнитудата на сето ова што се случува, а и се што потоа ќе се случи, можно е најдобро да се сфати единствено ако се погледнат сличните случаи од странство“, пишува „Атлантик“.

Како и во бројни револуции, во САД се водат две битки – една е долгата борба против бруталната и репресивна идеологија, а другата е борба против еден лидер, оценува магазинот, додавајќи дека тоа е борба против претседател кој дошол на власт така што ги разгорел расните тензии.


„Атлантик“ додава дека токму тоа се случило во Украина во 2014-та година кога беше симнат од власт Виктор Јанукович. Тој одлучи да се откаже од пристапувањето на земјата кон Европската унија и да се сврти кон Русија, а тоа го навлече гневот на украинскиот народ.

„Јануковиќ одлучи насилно да се пресмета со демонстрантите, а тактиката му се удри од глава. Движењето со ограничени средства стана голема и силна револуција“, заклучува „Атлантик“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг