Манчестер Јунајтед го обновил интересот за играч на Реал Мадрид

Дерби

09/06/2020

13:20

1.175

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед го обновил интересот за играч на Реал Мадрид кој е на излезните врати од „Бернабеу“.

Имено, според „Сан“, Оле Гунар Солскјер немал ништо против во своите редови да го донесе офанзивецот на „кралевите“,Хамес Родригез.

Колумбиецот би пристигнал на „Олд Трафорд“ за супер прифатлива цена која не би надминала 20 милиони евра.

Реал Мадрид ќе стори се за да се ослободи од играчот кој две години помина на позајмица во Баерн Минхен, а годинава не се изнаигра во тимот на Зинедин Зидан.

Хамес влегува во последната година од договорот со Реал Мадрид и шпанскиот тим сака да го продаде по било која цена со цел да заработи на неговиот трансфер.

Освен Манчестер Јунајтед, за Хамес постои сериозен интерес и од Атлетико Мадрид, а за него се распрашува и тимот на Евертон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг