Тага на „Олд Трафорд“: Почина легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед

Дерби

09/06/2020

13:11

961

Големина на фонт

а а а

Доцна синоќа од Манчестер Јунајтед објавија дека починал еден од нивните најдобри фудбалери во историјата.

Во својата 78-ма година починал Тони Дан кој според многумина бил најдобриот лев бек кој го имал Манчестер Јунајтед.

Дан на „Олд Трафорд“ пристигнал во 1960 година и бил дел од фудбалерите кои требало да ја вратат славата на клубот по трагедијата во Минхен две години претходно кога починаа дел од првотимците на клубот.

Ирецот во Манчестер Јунајтед останал цели 13 години и во тој период одиграл 535 натпревари на левата бековска позиција. Со Манчестер Јунајтед два пати бил шампион на земјата, а еднаш победник во Лигата на шампионите, тогаш Европски куп, како и победник во ФА Купот.

Дан бил еден од хероите во победата на Манчестер Јунајтед над Бенфика во финалето од Европскиот куп во 1968 година.

Тони Дан го носеше дресот на Манчестер Јунајтед кога во клубот играа и иконите на „ѓаволите“, Џорџ Бест, Денис Ло и Боби Чарлтон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг