Демократите му оддадоа почит на Флојд: Клекнаа на колена 8 минути и 46 секунди

Точка

08/06/2020

19:06

1.062

Големина на фонт

а а а

Членовите на американскиот Конгрес од Демократската парија денес пред да го претстават предлогот за реформа на полицијата, одржаа минута молк и клекнаа на едно колено.

Демократите во Конгресот клекнаа на едно колено, нешто што стана симбол против полициската бруталност и насилство и стоеја така 8 минути и 46 секунди во знак на почит на Џорџ Флојд и другите Афроамериканци кои „неправедно го загубиле својот живот“.

Демократската претседателка на Долниот дом на Конгресот, Ненси Пелоси и шефот на Демократите во Горниот дом – Сенатот, како уште и 20-тина членови на Конгресот, се собраа во Холот на еманципацијата.


Инаку, салата е така наречена во чест на робовите кои работеле на изградбата на зградата на Конгресот во Вашингтон во 18-ти век.

Симболичните 8 минути и 46 минути го означуваат времето кое што полицаецот Дерек Човин го помина притискајќи го вратот на Џорџ Флојд со своето колено, за време на апсењето на 25-ти мај во Минеаполис. Поради тоа, Флојд почина од задушување, а неговата смрт предизвика историски бран на бес во САД, како и ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг