Шилегов: Револт поради викендот во Маврово има кај опозицијата, не и кај граѓаните

Макфакс

08/06/2020

16:43

1.024

Големина на фонт

а а а

Очајот и немањето аргументи да се спротивстави на новите политики на градот опозицијата го заменила со искривување на тезите за тоа каде бил градоначалникот за време на карантинскиот викенд.

Вака градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одговори на прашањето зошто не се солидаризираше со скопјани кои последниве три дена беа во карантин, а дел од медиумите објавија фотографии дека тој е во Маврово.

„Тоа е тотално изместување на тезите од страна на опозицијата. Јас ќе одговорам на тие лажни прозивки на опозицијата со уште поголем ангажман“, вели градоначалникот Шилегов.

Тој смета дека револтот од неговиот карантински викенд во Маврово има само кај опозицијата, не и кај граѓаните.

„Не гледам јас дека е револтот кај граѓаните, туку беше спин од медиумите блиски до опозицијата. Пак велам, тоа е изместување на тезите затоа што ниту знаете кога сум заминал, ниту кога сум се вратил, ниту знаете како јас овие три месеци живеам со моето семејство во смисла на карантините, во смисла на нивната изложеност. Мислам дека е целосно изместување на тезите, дефинитивно. Кога не можете да најдете забелешка за работата на градоначалникот, ја изместуваме тезата зошто градоначалникот бил во своја куќа“, рече градоначалникот Шилегов.

Тој тврди дека опозицијата е депласирана во Скопје и оти разликата меѓу 25 – годишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ со градот и неговото владеење е очигледна, па поради тоа опозицијата сега ги заморувала скопјани со тоа каде бил градоначалникот и каде и каков имот имал. Градоначалникот Шилегов денес го промовираше новиот кружен тек во чаир во близина на средното економско училиште и најави дека со нови градски проекти допрва ќе стартуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг