Сончево време со мала до умерена облачност

Макфакс

08/06/2020

09:30

596

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 22 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг