Телма репортажа: За некои е ограничено движењето, за други не – во Чаир се пазари и среде полициски час

Точка

07/06/2020

20:39

7.953

Големина на фонт

а а а

Некои целиот викенд го минуваат во карантин, додека за други ова е само една обична недела. "ТВ Телма" на терен провери дали улиците се пусти насекаде и дали граѓаните се послушни. На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари. Некои луѓе повеќе се плашат од камерите отколку од полицијата...

Ова се сцени од скопски Чаир. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час.

Камерата на Телма регистрирала движење и во други скопски населби. Во населбата Даме Груев, за некои позната и како Новоселски пат, полиција од време на време поминувала во патрола. Казни нема, само остри усмени опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават.

Повеќе на следниот линк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг