Во текот на протестите во Лондон повредена полицајка која јавајќи коњ удрила во семафор

Точка

07/06/2020

12:42

2.515

Големина на фонт

а а а

На протестите по повод смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Лондон, повредени биле десетина полицајци, а една полицајка е хоспитализирана откако јавајќи на коњ удрила во семафор.

Откако удрила во семафорот, полицајката паднала од коњот и останала неподвижно да лежи на улицата. 

Таа е хоспитализирана, но не е животно загрозена.

Полицијата соопштила дека вкупно десет полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите во Лондон.

Поради насилствата на лондонските протести по повод смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој бил убиен при апсење во Минеаполис, во саботата биле уапсени 14 лица.

Полицијата соопштила дека се очекуваат уште апсења, бидејќи истрагите против некои учесници на демонстрациите и натаму се во тек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг