Мета - американскиот милијардер: Оваа "дипфејк" снимка го преплави интернетот во Русија

Точка

04/06/2020

19:01

6.359

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, технолошки милијардер и основач на "Space X" со чија ракета двајца астронаути успешно пристигнале на Меѓународната вселенска станица, станал нова инспирација на руските шегаџии.

Тие направиле бизарна "дипфејк" снимка на која изгледа како Илон Маск да пее руска песна, кој убаво се вклопила со актуелните настани. 

Таа песна зборува за одење на човекот во вселената, но кој сфаќа дека никаде не е убаво како на Земјата, нашиот дом.

Во неделата на Меѓународната вселенска станица успешно долетале астронаутите и леталото на компанијата на Маск, "Space X".

Станува збор за историски момент за САД, бидејќи ова е прв пат астронаутите да бидат пренесени до таму со летало направено во САД, а не во Русија.

Маск веќе со години најавува дека ќе прати и прв човек на Марс, а смета и дека таа планета би требало да се колонизира, ако сакаме човештвото да опстане.

Што е "дипфејк"

Станува збор за видео направено со вештачка интелигенција, односно машинско учење. Имено, компјутерски алгоритми ги прават овие снимки така што учат на основа на анализирање на снимки од одредени лица, па нивните фацијални движења ги спојуваат со снимки од други лица кои прават слични движења.

На тој начин може да настанат снимки на кои изгледа дека некој нешто изговорил или направил, а тоа никогаш не се случило.

Меѓутоа, ние обичните смртници не сме толку загрозени, бидејќи алгоритмите бараат многу материјали за некој за да можат најдобро да го имитираат.

Веќе сме виделе дека на овој начин настанале и лажни порно снимки од славни лица, како актерката Гал Гадот, но експертите предупредуваат на злоупотреба во политички цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг