ГРОМ: Карантинот да важи само за лоцираните кластери

Макфакс

04/06/2020

08:34

1.107

Големина на фонт

а а а

ГРОМ предлага одлуката за карантин да важи само за лоцираните кластери на Ковид 19, а останатите граѓани да бидат слободни.

„ГРОМ смета дека мерката е непромислена и остро се спротивставува на истата. Сметаме дека карантинот треба да важи само за оние средини во коишто има енормно заразени од ковид-19 за што впрочем и Д-р Караџовски тврдеше дека тие ги знаат кои се кластерите. Па оттаму кога ги знаат каде се заразените нека ги изолираат нив а остатокот од населението да ги пуштат слободно да живее, да работи, да создава со почитување на мерките за социјална дистанца. Зошто во Скопје ако нема заразени во Карпош, Центар, Кисела Вода треба луѓето да бидат изолирани, се работи за 150.000 луѓе. Зошто последиците да ги трпи Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Демир Капија, Дојран, Струмица, Берово, Пехчево, Кратово, Македонска Каменица и други кога според здраствените власти кластерите точно се знаат кои се и се идентификувани. Затоа идентификуваните треба да бидат во карантин а останатите граѓани на слобода“, велат од ГРОМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг