Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Макфакс

01/06/2020

20:54

386

Големина на фонт

а а а

Основниот кривичен суд Скопје по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења која беше објавена во петок (29 мај), ја информира јавноста дека започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда.

Ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и ќе се воспостави нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.

Заради тоа, денеска и утре (1 и 2 јуни), судот ќе постапува само по итни, притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ како и во изминатите два месеца, а од среда 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите останати насроечни судења согласно календарот за судење објавен на веб-страницата на судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг