Солвео го проширува бизнисот со нова креативна агенција, Џуно

Точка

01/06/2020

15:41

1.177

Големина на фонт

а а а

“Веќе долго време бевме свесни за потребата на пазарот за квалитетни маркетинг услуги. Забележавме дека потребата е двострана - имавме голема побарувачка од страна на нашите клиенти, но и забележавме потреба на пазарот за нов и свеж пристап. Светот е заситен од визуелни пораки, и особено во поглед на дигиталниот маркетинг, не е доволна само техничка експертиза за да го привлечете вниманието и да оставите впечаток. Само со внимателно слушање на публиката и голема креативност можеме да изградиме брендови кои ќе продолжат да се развиваат.” - вели Драгана Зографска, соосновач на Солвео и Џуно.

Солвео е првата агенција за иновации во Македонија која им помага на компаниите да лансираат нови продукти и услуги, и да се пласираат на странски пазари. Начинот на кој го прават тоа е преку длабока анализа на пазарот и моќни стратегии кои ги пробиваат бариерите. Маркетинг агенцијата Џуно е најновата екстензија на Солвео, фокусирана на дигитален маркетинг и креативни стратегии направени специјално за потрошувачите. А доколку потребите на потрошувачите повикуваат на активности надвор од дигиталниот свет, тимот на Џуно е подготвен и за тој предизвик. 


Џуно ги носи сите карактеристики кои го направија Солвео успешна приказна: сложен тим, внимателно слушање на пазарот, транспарентност и доверба, и храбри и креативни идеи.  

“Самата идејата за името на Џуно доаѓа од истоимeниот филм, каде една млада тинејџерка се соочува со непредвидлива ситуација, но никогаш не ја губи својата харизма и храброст. Непредвидливите ситуации секогаш се случуваат но, наше е како ќе се соочиме со нив. И покрај тоа што сите планови беа променети, одложени или откажани, нешто што остана непроменето е потребата за квалитетни дигитални маркетинг услуги. Потребата се зголеми, и пандемијата навистина ја докажа моќта на дигиталнaта технологија да ги поврзе бизнисите со потрошувачите. Џуно е нашиот начин да одговориме на потребата која бизнисите ја имаат, сега повеќе од било кога.” - вели Драгана.


Тоа што Џуно сака да го направи поинаку е компаниите да се чувствуаат како да имаат интерен маркетинг тим кој располага со експертиза но и голема доза на креативност и иновативност. Дигиталниот маркетинг трендови се менуваат побрзо од било кога, и за да се издвоите од толпата, треба да бидете еден чекор пред конкуренцијата. За тоа е потребна храброст, и доверба во тимот кој не се плаши да тестира, но воедно носи и мерливи резултати.  


“Тоа што секогаш го правело Солвео уникатно е нашиот пристап. Нашите клиенти знаат дека од нас можат да очекуваат многу прашања, многу креативни идеи, а и предлози поврзани и со нивните стратешки одлуки. Тоа е затоа што маркетингот не е само реклама, и како компанија која се фокусира на потребите на пазарот, ние имаме одговорност према нашите клиенти да споделиме со нив каде сме забележале потенцијал на пазарот. Накратко кажано, ние не сме само маркетинг експерти, туку и стратешки советници. Не доаѓајте кај нас ако не сте подготвени да бидете предизвикани, да раскажете приказни за паметење, и да растете заедно со нас! ” - вели Иван Зографски, соосновач на Солвео и Џуно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг