Актерката се откажала на прашањето за 1 милион долари – дали вие го знаете одговорот?

Точка

01/06/2020

15:56

5.811

Големина на фонт

а а а

Во селебрити изданието на американската верзија од квизот „Милионер“, актерката Лорен Лапкус освоила 500 илјади долари, а освоените парични средства ќе бидат уплатени во здружението „Cron & Colitis“.

Прашањето на кое што се откажала актерката, гласи:

„Во периодниот систем на хемиски елементи постојат три елементи кои што го добиле името по?“

А) Мачката на Антоан Лавоазје
Б) Месечината на Нептун
Ц) Средното име на Марија Кири
Д) Рударско село во Шведска 

.

.

.

.

.

.

.

Откако се откажала, актерката подоцна признала дека би одговорила под А, но сепак точниот одговор бил под Д.

Селото се нарекува Итерби, а по него имињата ги добиле хемиските елементи Итербиум, Ербиум и Тербиум.

Инаку, актерката се прослави со споредната улога во серијата „Портокалова е новата црна“ и во филмот „The Wrong Missy“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг