Милер блеска под водство на Флик, постави нов рекорд во Бундеслигата

Дерби

31/05/2020

13:03

1.685

Големина на фонт

а а а

На доаѓањето на Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен се чини најмногу му се радуваше Томас Милер.

Искусниот фудбалер кој цела своја карира е врзан за баварскиот клуб беше во немилост кај Нико Ковач, но откако Флик седна на клупата почна да добива шанса и истата да ја користи.

Милер кој кај Флик игра нешто поназад му асистираше на Роберт Левандовски за третиот погодок во убедливата победа од 5:0 против Фортуна Дизелдорф.

Со оваа асистенција, Милер постави нов рекорд во Бундеслигата по 29 одиграни кола. Имено, фудбалерот кој од 2008 игра во првиот тим на Баерн Минхен сега има вкупно 19 асистенции оваа сезона, што е најмногу досега во историјата на Бундеслигата.

Треба да се земе фактот дека 30 годишниот Милер повеќето од асистенциите ги оствари во вториот дел од сезоната кога почна да игра редовно, претходно шанса добиваше само повремено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг