Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

Макфакс

31/05/2020

14:01

1.581

Големина на фонт

а а а

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе се одржат на 5 јули, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски во Куманово.

„Со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот се фиксира на 5 јули“, рече Спасовски.

Тој вели дека било какво пролонгирање не е можно – ниту од правен, ниту од праведен аспект, со оглед на тоа што по 5 јули граѓаните ќе користат летни одмори, а на есен се заканува нов бран на ковид-19.


Спасовски ги повика сите политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението. Техничкиот премиер рече дека ќе биле посреќни ако датумот се одредувал со политички консензус, но нема да дозволат вечни преговори и саботажи од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме секој ден во маркет или на пазар, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сигурност и да одиме на избори“, рече Спасовски.

Тој додаде дека вирусот не е за потценување, но нема простор за паника. Зголемувањето на бројот на заболени, Спасовски рече дека се должи на два фактори, меѓу кои саботажите и неодговорното однесување на Наќе Чулев како министер, како и зголемениот обем на тестирање и олабавувањето на мерките со цел животот да продолжи, а економијата да се рестартира.

Спасовски кажа дека е важно секој да продолжи да живее и да функционира според протоколите за заштита. Оние кои не почитуваат мерки, вели Спасовки, мора да се соочаат со санкции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг