СДСМ: Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните во Прилеп

Макфакс

29/05/2020

19:20

404

Големина на фонт

а а а

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, рече во денешната изјава за медиумите Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.

„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19“, нагласи Попоски.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата и го повика министерот Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.





Спонзорирани линкови

Маркетинг