Пендаровски му се заблагодари на папата за храброста која им ја влева на луѓето во борбата против коронавирусот

Макфакс

29/05/2020

19:18

154

Големина на фонт

а а а

Претседателот, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Од неговиот Кабинет, информираат дека претседателот Пендаровски во разговорот изразил жалење што поради пандемијата на Ковид-19 не се реализирала неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не била остварена планираната меѓусебна средба.

„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светиот Престол, кои се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

Двајцата соговорници размениле и информации за актуелната состојба поврзана со пандемијата на Ковид-19.

Пендаровски притоа оддал признание за улогата на папата Франциск во охрабрување на луѓето и нациите и поттикнувањето на солидарноста како клучен елемент за заедничка борба против пандемијата и последиците од неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг