Росел: Само еден играч е подобар од Нејмар

Дерби

29/05/2020

13:56

2.668

Големина на фонт

а а а

Поранешниот прв човек на шпанскиот прволигаш Барселона, Сандро Росел смета дека само еден играч на светот е подобар од Нејмар, а тоа е Лионел Меси.

Росел беше на чело на каталонците кога Нејмар дојде на „Камп Ноу“ во 2013 за да по четири години Бразилецот изненадувачки одлучи да си замине и се пресели во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

Веќе одредени време медумите пренесуваат дека напаѓачот сега сака пак да се врати во Барселона, па Росел смета дека клубот мора да проба и се обиде да дојде до неговиот потпис.

- Ако јас бев претседател на Барса, ќе се обидов да го потпишам Нејмар. Тој е втор најдобар играч на светот по Меси и одлично се вклопува во филозофијата на клубот. Ама со искуство тој би потпишал два договори, едниот спортски и другиот за однесување, - вели Росел кој не би издвоил 111 милиони евра за Лаутаро Мартинез.

- Не би го ангажирал Лаутаро за 111 милиони евра, но би се обидел да го разменам за двајца играчи, -истакна Сандро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг