Променливо облачно со повремен дожд

Макфакс

29/05/2020

09:57

709

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени. УВ=7

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. T= 21 °C, P= 984 hPa, U= 54 %, V= 6 m/s.



Спонзорирани линкови

Маркетинг