Трамп потпишал уредба за социјалните мрежи: Имаат неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат, сокријат

Точка

29/05/2020

09:51

1.833

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал уредба за ограничување на заштитата на социјалните мрежи од законска одговорност за содржините кои ги поставуваат нивните корисници.

"Имаат неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, додаваат, креираат, сокријат, виртуелно да менуваат секаков облик на комуникација", рекол Трамп пред да ја потпише уредбата. 

Како што јавува "AP", тој оценил дека е без преседан во американската историја толку мал број на корпорации да контролираат толку голема сфера на човечка интеракција.

Трамп извршната уредба ја потпишал два дена откако ја критикувал компанијата Твитер бидејќи ги повикала корисниците да ги проверат фактите изнесени од неговите твитови.

Во прв момент, дури и се заканил дека ќе ги затвори социјалните мрежи бидејќи Твитер, според неговите зборови, се вмешал во неговата политичка порака.

Тој оценил дека проверката на факти била уредничка одлука на Твитер и политички активизам.

Како што рекол, верува дека новата уредба ќе ја подржи слободата на говорот.

Компаниите како Твитер и Фејсбук имаат заштита од одговорност по Параграф 230 од Законот за комуникации, бидејќи се третираат како платформи, а не издавачи кои можат да се соочат со тужби поради содржините.




Спонзорирани линкови

Маркетинг