Светска премиера и ексклузива: Дали наскоро пристигнува целосно нова “Sega” конзола?

Точка

28/05/2020

19:01

978

Големина на фонт

а а а

Познатиот јапонски новинар Женџи Нишикава откри дека наскоро ќе објави „огромна вест“ која би требало да биде на ниво на минатогодишната ексклузива и најавата на “PlayStation 5”.

„Подготвувам голема вест... тоа е светска премиера и ексклузива. Минатата година “Wired” ексклузивно ја објави веста за “PlayStation 5”, зарем не? Оваа ќе биде на тоа ниво. Се поврзав со извршниот директор на една компанија, а станува збор за револуционерна работа“, изјави Нишикава.

Тој подоцна во својата емисија ја спомена компанијата “Sega”, а откако еден корисник во коментарите обрна внимание на тоа, Нишикава одговори: „Дали реков “Sega”? Тогаш станува збор за тоа“.


Нишикава изјави дека не станува збор за “Dreamcast 2” конзолата, а иако засега не се знае за што станува збор, треба да имаме во предвид дека на 3-ти јуни се одбележува 60 години од постоењето на “Sega”, што значи дека на тој датум би можеле да очекуваме и некакви возбудливи вести.



Спонзорирани линкови

Маркетинг