Верно куче го чекало својот сопственик 3 месеци во болничкиот ходник, а тој починал од коронавирус

Точка

28/05/2020

15:38

2.442

Големина на фонт

а а а

Не е залудна изреката дека кучето е човековиот најдобар пријател – има безброј приказни за лојални кучиња кои им помагаат на луѓето, им прават друштво и се грижат за нив до последниот момент. Доказ за тоа е и ова куче од Кина.

7-годишното куче наречено Ксиао Бао, што значи “мало богатство” на кинески јазик, е уште еден доказ дека кучињата се навистина најголемите пријатели на човекот. Во февруари, неговиот сопственик бил хоспитализиран во болница во Вухан поради зараза со коронавирус, а само 5 дена подоцна тој починал. 


Ксиао Бао трпеливо го чекал својот сопственик во ходникот од болницата цели 3 месеци, надевајќи се дека тој ќе се појави, пишува “LADBible”.

Персоналот на болицата неколку пати се обидувал да го отстрани кучето, но секој пат кога ќе го одвеле некаде далеку, тоа го наоѓало патот да се врати и да чека.


Кон средината на април, кога попуштија мерките во Кина и повторно се отворил супермаркетот во склоп на болницата, трговецот започнал да се грижи за кучето и да го храни.

“Ми кажаа дека неговиот сопственик починал од коронавирус и дека кучето секој ден го чекало во болницата. Никогаш не го напуштило ходникот, тоа премногу ме растажи. Се спријателивме и по неколку дена почна да ме чека наутро пред продавницата”, раскажал трговецот.


Кон почетокот на овој месец, луѓето започнале да се жалат што кучето седи во внатрешноста на болницата, па затоа персоналот го одвел Ксиао Бао во азил за животни. Тој сега е вакциниран, стерилизиран и бара дом и нов сопственик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг