Турскиот амбасадор во Грција го демантираше наводниот прекуграничен упад

Макфакс

27/05/2020

13:33

666

Големина на фонт

а а а

Турскиот амбасадор во Грција, Бурак Озугергин, ги отфрли тврдењата за упад преку турската граница во областа Еврос минатата недела, изјавувајќи дека проблемот е едноставно технички, пренесува „Катимерини“.

Изјавата доаѓа по обвиненијата дека 35 турски војници во петокот окупирале област на западниот брег на реката Еврос, за која се вели дека ѝ припаѓа на Грција според Договорот од Лозана во 1923 година, и формирале мал камп во кој го кренале турското знаме.

И додека весниците како „Дејли меил“ го окарактеризираа упадот како инвазија, турскиот амбасадор во Грција рече дека малата област позната како Мелисокомео не е спор туку техничка работа што е сосема нормална меѓу соседите кај копнените граници“, пишува „Катимерини“.

„Ова не е проблем, па да не го претвораме во проблем“, додаде Озугергин и потврди дека Атина и Анкара разговараат за инцидентот.

И грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос, и министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, во вторникот ја информираа владата за ситуацијата во областа откако и двете министерства во петокот поднесоа жалби до Турција за присуството на трупите.

Жалбата се однесува на турските трупи кои, наводно, ја отежнуваат работата на граничната ограда што Грција сака да ја прошири бидејќи се предвидува нов бран мигранти да се упати кон граничната област откако ќе се олеснат мерките за изолација поради пандемијата на корнавирусот.

Турските сили долж пограничниот регион се обвинети дека се обиделе да им помогнат на мигрантите да ја преминат границата пред појава на пандемијата, а еден војник во март изјавил за шведските медиуми дека добил директни наредби да го стори тоа.

„Потврдивме дека сè поминало добро и дека шверцерите не наплатуваат премногу. Имаме и разузнаваќки информации за тоа каде и кога е безбедно да се премине “, рекол војникот.

Грчката влада објави и видео снимки на кои се гледа како турско оклопно возило финансирано од Европската Унија, наводно урива дел од граничната ограда на почетокот на март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг