Позади 12-годишник во шума наеднаш се појавила мечка - момчето стана хит поради реакцијата

Точка

26/05/2020

19:20

4.885

Големина на фонт

а а а

Момче од Италија добило многу пофалби на социјалните мрежи откако е снимено како смирено одминува мечка во шума.

Средбата се случила пред два дена, кога 12-годишниот Алесандро Франзои со своето семејство планинарел во близина на селото Спорминоре во северна Италија. На снимката се гледа како мечката наеднаш излегува од шумата позади момчето кое полека го одминува животното.

На кратката снимка се слуша и таткото на момчето кое неколкупати му повторува да не се врти позади и да не паничи, туку само полека да се симне за да не го вознемири животното.  

Погледнете како изгледало тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг