Даде гол во финалето на СП, а сега облекува женски фустани – сликовита пропаст на ветувачката кариера на германскиот фудбалер

Точка

26/05/2020

19:10

4.621

Големина на фонт

а а а

Германскиот везист Марио Геце, како што веќе е познато, нема да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на крајот од оваа сезона.

Но, исто така тој нема да се најде во поставата на Милионерот на натпреварот со Баерн.

Меѓутоа, неговата кариера е во драстичен пад уште од 2014-та година и голот кој што го даде во финалето на Светското првенство против Аргентина. Голот кој што го постигна Германецот им ја донесе титулата на прваци.

За Геце претпоставуваа дека годините по Мундијалот ќе бидат негови години, но везистот очигледно бил помеѓу два огна.

Во меѓувреме тој ги полнел и страниците на таблоидите поради неговата врска, подоцна и бракот со манекенката Ен Катрин Бромел. Последен пат кога ја замениле нивната облека и кога херојот на финалето на СП се појави пред камерата, беше во фустан со леопардски принт.

„Геце би можел да заработи милиони на социјалните мрежи, а да не се испоти. Треба да оди во странство, тоа е единствениот начин да го пробие овој волшебен круг“ – напишале од „Blid“.

На социјалните мрежи тој предизвикува навистина големо внимание, заедно со неговата сопруга.




Спонзорирани линкови

Маркетинг