Силен ураган беснеел во Русија: Три лица настрадале, ветар од 100 километри на час рушел кровови

Точка

26/05/2020

21:53

2.638

Големина на фонт

а а а

Три лица загинале во ураган кој ја погодил Свердловската област во централниот дел на Русија.

Ветерот рушел дрвја, сообраќајни знаци, рушел балкони и кровови. Ударите на ветерот достигнувале речиси 100 километри на час. 

Оштетени се и некои објекти. Во Јекатеринбург ветерот урнал кран кој усмртил вработен.

Во градот Арамил ветерот урнал кров на двокатна зграда кој паднал на човек и го усмртил, а уште едно лице настрадало кога го удрила железна врата која ураганот ја носел.

Поради ураганот во Свердловската област без струја останале повеќе од 100.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг