Конечно докажано: Еве зошто се губи сетилото за вкус и мирис кај инфицираните со коронавирус

Точка

25/05/2020

20:09

3.829

Големина на фонт

а а а

Веќе не е непознато дека еден од најчестите показатели дека сте заразени со коронавирус е губењето на сетилото за вкус и/или мирис, а утврдено е дека овој симптом најчесто се јавува кај помладите лица, дури и кај оние кои немаат никаков друг симптом како висока телесна температура, кашлица, респираторни тегоби...

Д-р Вивиен Ли која веќе со месеци редовно известува за новите сознанија за Ковид-19 на својот Твитер профил, неодамна објавила твит во кој објаснува дека едно 27-годишно момче без симптоми, 4 дена откако било тестирано позитивно развило и аносмија (губење на мирисот) и агеузија (губење на вкусот). 

“Снимките покажуваат оток на олфакторниот булбус и на нив се гледа како изгледа по 7 и по 24 дена од дијагнозата. Станува збор за билатерален едем на олфакторниот булбус кој е поврзан со Ковид-19”, напишала оваа докторка од Охајо.

Олфакторниот или мирисниот булбус е всушност задолжен за примање на мирисите, долг е околу 1,2 центиметри и е со дебелина од 1 центиметар. Центриран е некаде помеѓу очите, односно на средината на главата.


Овие два симптома, Светската здравствена организација на 18 мај ги смести и на официјалната листа на симптоми.

Познато е дека вирусите кои предизвикуваат настинка можат да доведат до пост-инфективно губење на мирисот, а над 200 различни вируси влијаат на инфекциите на горните дишни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг