Како сами да си направите најмодерни шишки: Избегнете една грешка и сè ќе излезе совршено

Точка

23/05/2020

20:18

2.045

Големина на фонт

а а а

Кога е во прашање косата, жените знаат да бидат прилично екстремни – или не дозволуваат да ги шиша било кој друго освен нивниот долгогодишен фризер во кој имаат доверба или пак се во состојба секоја недела самите да направат драстична промена.

Една од најчестите промени кои ги прави жената се шишките. Дамите ги обожуваат бидејќи станува збор за мала промена која прави голема разлика и може да го подмлади изгледот за неколку години. 

Но, како да си направите шишки дома, без помош од фризер, а притоа да не ги упропастите?

Само треба да избегнете една грешка – рамно кратење.

Прво, треба да одвоите онолку коса колку што е потребно, никако премногу, а потоа да тргнете да ја кратите коса постепено – никако сè одеднаш и тоа со “убодна” техника.

Деталите погледнете ги во видеото – и оваа девојка за првпат тоа го направила сама и ѝ успеало:



Спонзорирани линкови

Маркетинг