Жената донор која ја сплоти цела Македонија: Емилија Динева загина во трагична несреќа, нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Нетпрес

23/05/2020

14:12

4.578

Големина на фонт

а а а

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева за порталот Читај.мк порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Огромен успех за македонското здравство: Успешна првата трансплантација на срце во земјава

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Министерот Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце

- За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… 💔💔💔💔 Прерано не напушти… Емилија Динева твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг