Да, постои! Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, ниту врата, ниту кров...

Точка

23/05/2020

11:50

2.452

Големина на фонт

а а а

Собите всушност се многу флексибилен опис за основа со брачен кревет сред планинската убавина.

„Null Stern hotel“ е дело на концептуалните уметници Франк и Патрик Риклин, чија главна цел била да се запознаат луѓето со природната убавина на швајцарските Алпи, но на еден поразличен начин.

Во превод името на хотелот всушност значи „хотел со нула ѕвезди“, во кој собите немаат ниту прозорци, а нема ниту врата ниту кров.


Кога овој хотел се ‘отворил’ во 2016-та година, имал неколку соби на располагање, како апартманите Schwendi, Stump и Brust кои што се наоѓале на приближно 1.200 метри надморска височина во кантонот св. Гален.


Во нивната непосредна близина се наоѓала колиба со тоалет која што гостите можеле да ја користат, но и батлер кој што ги задоволувал нивните потреби.

За една ноќ, гостите требало да платат околу 200 евра, а исто така листата за чекање била многу долга.


Овој хотел моментално не е во функција, но за ова лето се подготвува spin-off хотел со соби без кров и ѕидови кои што ќе опфаќаат поголем број од локациите во Швајцарија, со име – Zero Real Estate.




Спонзорирани линкови

Маркетинг