Застелан со пиштол, а починал од коронавирус: Интересна изјава на службеник за бројот на починати во САД

Точка

22/05/2020

21:31

2.061

Големина на фонт

а а а

Властите во американската држава Вашингтон признале дека се забележани случаи во кои луѓе убиени од огнено оружје биле вброени меѓу жртвите од коронавирус.

Доктор Кејти Хачинсон, менаџер за статистка во вашингтонскиот Државен отсек за здравство, рекла дека постојат случаи на починати од огнено оружје, запишани како жртви на коронавирус. 

"Имаме барем пет смртни случаи меѓу жртвите на Ковид-19 за кои сме сигурни дека причините за смрт се други, бидејќи станува збор за починати од рани нанесени од огнено оружје", рекла Хачинсон.

Додала и дека постојат бројни нијанси во податоците кои се објавуваат и дека често е многу тешко, посебно брзо, да се соопштат точните причини за смрт.

Иако е јасно дека луѓето кои починале, а се позитивни на коронавирус, некогаш можеби умираат од други причини, не јасно како убиство завршило во таа статистика. Поради тоа Хачинсон рекла дека ќе биде направена ревизија на статистиката на смртност.

Таа додала дека постојат уште 20 или 30 случаи на кои биле вброени меѓу починатите од коронавирус, иако не е сигурно дали починале од заразата или некоја друга болест и додала дека некогаш се потребни и шест месеци да се утврди што е причината за смртта.

Слични ревизии на смртност се правени и во други американски држави, па така минатата недела Колорадо го намалил бројот на починати од Ковид-19 за речиси 300 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг