Додека светот се бори со коронавирусот, во Саудиска Арабија никнува нешто опасно: Што прави кралството во тишина?

Точка

22/05/2020

23:44

11.780

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија забрзано работи на тоа да ја доврши работата со својот прв нуклеарен реактор, покажуваат сателитските снимки кои што предизвикаа загриженост кај експертите за контрола на оружје, затоа што тоа кралство треба да ги примени меѓународните правила за надзор на нуклеарната енергија.

Сателитските фотографии покажуваат дека саудиското кралство речиси целосно го изградил кровот над објектот, пред да се усвои и спроведе прописот на Меѓународната агенција за атомска енергија која на инспекторите им овозможува рана верификација на дизајнот на реакторот.

Сето тоа го направиле во тишина, додека целиот свет се бори со пандемијата коронавирус.

Воведувањето на надгледување на терен дури по завршувањето на изградбата на реакторот било необичен потег кој што вообичаено ги обесхрабрува прописите на IAEA која што треба да биде сигурна дека цивилните атомски програми не се користат за правење оружје, пренесуваат од „Blumberg“.


Саудиска Арабија повеќепати ветуваше дека нејзината нуклеарна програма ќе биде исклучително за позитивна намена, но престолонаследникот Мохамед Бин Салман исто така изјавил дека кралството ќе развие бомба, доколку тоа го направи и нејзиниот регионален ривал – Иран.

Таквите изјави во 2018-та година го вклучија алармот во заедницата за надзор над нуклеарното оружје, која што е загрижена поради тоа што има повеќе можности за пристап до нуклеарните локации во Иран отколку во Саудиска Арабија.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп пишуваше дека претходната година испратила писмо до Саудиска Арабија во кое што поставила услови за Ријад, доколку сака пристап до американската атомска технологија.


„Саудиска Арабија е свесна за своите обврски“ – изјавил генералниот директор на IAEA, Рафаел Мариано Гроси на 5-ти февруари во Вашингтон по состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Ситуацијата оттогаш не се сменила, изјавил портпаролот на IAEA за „Blumberg“, додавајќи дека другите земји го усвоиле строгиот надзор откако направиле свои нуклеарни програми.

„Саудиска Арабија засекогаш ќе мора да соработува со IAEA доколку сака да се движи кон нуклеарната енергија, а сега е време да ја воспостават таа врска“ – изјавил Кели, нуклеарен инженер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг