"Надвор излегувам само до гробишта, жена ми ослабе 40 килограми"

Точка

21/05/2020

21:56

4.484

Големина на фонт

а а а

Наскоро се ближи една година од трагедијата и смртта на шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.

Тој загинал во сообраќајна несреќа во близина на Севиља. 

За шпански "Movistar", зборувал неговиот татко, Пако.

"Не излегувам никаде, освен до гробот секое утро. Мојата сопруга ослабе 40 килограми, не излегува воопшто надвор. Не сум гледал ниеден фудбалски натпревар од тогаш".

Рејес е дете на ФК Севиља и бил најмладиот првотимец во тој клуб кога дебитирал на 16 години.

По пет минати сезони во матичниот клуб, се преселил во Арсенал, во трансфер вреден 30 милиони евра.

Станал дел од "непобедливите", односно екипата на Арсен Венгер која ја освоила титулата шампион на Англија без изгубен натпревар.

Уследиле преселби во Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Бенфика, и враќање во Севиља.

Во Андалузија минал 4 години, за потоа да игра за Еспањол, Кордоба, кинески Сјинџијанг, а последен ангажман имал во Екстрамадура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг